Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во земјава денеска донираше шест еколошки автобуси на Град Скопје. Автобусите се единечни, на компримиран природен гас и се доделени во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“.
„Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните“, изјави евроамбасадорот Михаил Рокас на примопредавањето на шесте еколошки автобуси во дирекцијата на ЈСП „Скопје“.
Покрај Скопје, во рамките на овој проект автобуси ќе добијат и Битола, Куманово и Тетово.
Во мандатот на градоначалничката Данела Арсовска ова се единствените набавени автобуси, иако таа во изборната кампања ветуваше 250 нови еколошки автобуси и бесплатен превоз за сите граѓани.
А. АНТЕВСКА