Битолската полиција го уапси 37-годишниот битолчанец Д. О. кој е осомничичен дека извршил две тешки кражби во центарот на градот и шеталиштето. Според СВР Битола, тој одзел повеќе предмети, меѓу кои и метални делови од големата фонтана која е дел од споменичната целина на Филип Втори во центарот на градот, појачало за звук и звучници од фонтаната, како и улични канделабри од шеталиштето.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Одземените предмети се општински и ќе ѝ бидат вратени на Општина Битола.
Лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена кривична пријава, вели СВР Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА