ФЕКАЛИИТЕ ОД ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИ СЕ ВЛЕВААТ ВО ЕЗЕРОTO ОТИ НЕМААТ РЕЗЕРВОАРИ

    ФЕКАЛИИТЕ ОД ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИ СЕ ВЛЕВААТ ВО ЕЗЕРОTO ОТИ НЕМААТ РЕЗЕРВОАРИOд шесте големи бродови, само три имаат опрема за собирање фекалии (Фото: СДК.МК)

    Фекалиите од патниците на охридските бродови се испуштаат директно во Охридското Езеро бидејќи немаат таканаречени црни танкови, односно резервоари за собирање на овој биолошки отпад.

    „Црните танкови досега не беа задолжителни, но нивното воведување ќе стане обврска со усогласувањето на Законот за внатрешна пловидба и со измените кои ќе бидат сеопфатни. Три брода веќе ги имаат, а останатите ќе мора да постапат според одредбите на законот зашто танковите ќе бидат задолжителни. Хендикеп е што досега не е создадена инфраструктура за нивно празнење, така што тоа ќе се изведува со ангажирање на цистерна од страна на сопствениците на бродовите”, изјави капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијаноски.

    Според достапните податоци, од шесте големи бродови само три имаат ваква опрема за собирање на фекалии. Стотици други помали пловни објекти кои пловат по езерото никој не ги регистрира.

    Еколошките здруженија од Охрид велат дека се попусти напорите за подобрување на работата на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро кога фекалиите од стотици пловни објекти се влеваат директно во езерските води.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира