ФИРМИТЕ ВО ПОСЕБНИ КОНТЕЈНЕРИ ЌЕ ГО ФРЛААТ ЃУБРЕТО, РЕЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ ОТКАКО ЗАВРШИ 72-ЧАСОВНОТО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ

    ФИРМИТЕ ВО ПОСЕБНИ КОНТЕЈНЕРИ ЌЕ ГО ФРЛААТ ЃУБРЕТО, РЕЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ ОТКАКО ЗАВРШИ 72-ЧАСОВНОТО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕЃорѓиевски вели дека во акцијата се собрани 4.500 тони ѓубре. (Фото: Фејсбук)

    Фирмите во Скопје ќе добијат посебни контејнери или канти за фрлање на отпадот за да не се трупаат садовите во кои се одлага ѓубре од домаќинствата, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на завршувањето на 72-часовното чистење на градот. Тој кажа дека акцијата која се спроведуваше во изминативе три дена успешно е завршена, но констатирани се одредени проблеми поради кои контејнерите се затрупани со отпад.

    Покрај фирмите кои ги трупаат контејнерите со отпад, голем број граѓани одлагаат и мебел од домаќинставата, па поради тоа се создава грда слика низ градот.

    „Успешно ја завршивме акцијата на чистење, собрани се 4.500 тони ѓубре, но и во наредниот период фокус ќе ни биде решавање на овие состојби. Сакам да ги замолам граѓаните за коректност во одлагањето на отпадот. Добивме впечаток дека како цело Скопје да почна да се реновира овие три дена. На голем број локации имаше изнесено купишта кабаст отпад. Изрековме 40 казни и 70 опомени, казнети се физички лица, но и правни. Во наредниот период секој правен субјект ќе добие посебен контејнер, бидејќи сега отпадот го одлагаат во контејнерите за домаќинствата“, рече Ѓорѓиевски.

    Тој кажа дека по долго време темелно биле исчистени плоштадот Македонија, кејот и коритото на Вардар, како и повеќе минидепонии на различни локации низ градот, а почнато е чистење и на депонијата Вардариште.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира