ГЕРИЛА АКЦИЈА ЗА ОСМИ МАРТ ВО БИТОЛА

    ГЕРИЛА АКЦИЈА ЗА ОСМИ МАРТ ВО БИТОЛАНа садниците беше прикачена розова хартија на која пишуваше „Среќен 8 Март- возете внимателно“. (Фото: Фејсбук)

    Садници од борови беа поставени утрово на раскопаниот асфалт низ неколку битолски сообраќајници. На садниците беше прикачена розова хартија на која пишуваше „Среќен 8 Март- возете внимателно“. Како организатор на оваа герила акција за Денот на жената беше потпишана независната советничка група „Поинаку“.

    Од јавното претпријатие „Нискоградба“ велат дека во текот на целата зима ги крпат улиците и дека нема да остане ни една дупка незакрпена.

    „Крпењето на улиците тече редовно и континуирано, овие денови не се работеше заради врнежите од дожд, штом се стабилизира времето ќе се закрапат сите дупки во асфалтот со ладна асфалтна маса“, изјави Методи Силјановски, директор на Јавното претпријатие „Нискоградба“ Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари