ГО ЗАБОРАВИВМЕ ВОСПИТНИОТ ПРОЦЕС КАЈ УЧЕНИЦИТЕ, ВЕЛИ СНЕЖАНА ХАЏИЕВА ОД ВЕЛЕС, КОЈА Е ПРОГЛАСЕНА ЗА ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК НА ГОДИНАТА

    ГО ЗАБОРАВИВМЕ ВОСПИТНИОТ ПРОЦЕС КАЈ УЧЕНИЦИТЕ, ВЕЛИ СНЕЖАНА ХАЏИЕВА ОД ВЕЛЕС, КОЈА Е ПРОГЛАСЕНА ЗА ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК НА ГОДИНАТАПрофесорката Хаџиева за некој ден заминува во пензија (Фото: СДК.МК)

    Мораме да работиме на воспитниот процес кај учениците од повисоките класови оти системот на образование многу падна, кажа професорката Снежана Хаџиева при добивањето на општинското признание за најдобар просветен работник во средните училишта за 2024 година. Таа работи во хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес, каде што предава хемија и стручни хемиски предмети.

    „Процесот на образование на учениците е многу изменет во однос на времето кога почнав да работам како професорка. Не може да се споредува, сличности има малку, децата се променети, времето исто така. Системот на образование отиде под границите, мора многу да се вложува, мотивациски да се дејствува врз учениците, мора да се сфати целта на образованието. Се заборави на воспитниот процес во образованието, посебно кај поголемите ученици. Би сакала образованието да не биде на маргините како досега, туку учениците да се натпреваруваат меѓусебно, само така ќе се постигнат добри резултати. Среќна сум и задоволна бидејќи го дадов мојот максимум, останувам во оваа сфера и продолжувам да работам во науката“, кажа Хаџиева.

    Таа ова признание го има добиено и во 2019 година. За некој ден Хаџиева заминува во пензија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира