Пред неколку часа на планината Јабланица избувна голем пожар. Зафатена е голема површина шума. Огнот се појавил меѓу селата Октиси и Долна Белица, Струшко.
„Голем пожар избувна помеѓу селата Октиси и Долна Белица. Зафатен е шумскиот појас на планината Јабланица. Tеренот не е пристапен за противпожарните возила“, ни изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.
Од Центарот за управување со кризи велат дека на местото се упатени противпожарни екипи.
Според првичните неофицијални информации, загрозен е и познатиот археолошки локалитет Вајтос. Очевидици кажуваат дека чадот може да се забележи дури и од Струга.
Д. ЧУБРИЌ