ГОЛЕМ ПОЖАР ЗАД ХОТЕЛОТ „БЕЛВИ“ ВО ИЛИНДЕН, ГОРИ ЗАПАЛЕНА ТРСКА И СЕ ШИРИ КОН АРАЧИНОВО

    ГОЛЕМ ПОЖАР ЗАД ХОТЕЛОТ „БЕЛВИ“ ВО ИЛИНДЕН, ГОРИ ЗАПАЛЕНА ТРСКА И СЕ ШИРИ КОН АРАЧИНОВОПожарот се шири кон Арачиново, а густиот чад се гледа и од Скопје. (Фоот: СДК.МК)

    Во голем пожар гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден, а густиот чад се гледа и од Скопје. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов вели дека е запалена трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

    Од бројот за итни случаи 112 во ЦУК велат дека пожарот зафатил голем простор и се шири кон Арачиново, каде гори трска и ѓубре во канали околу селото, и дека ќе треба повеќе време за да се ликализира и изгаси.

    Денеска има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои се изгасени само 3, а 9 уште се активни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира