Попладнево, Тетово и околината ги зафати големо невреме проследено со силен дожд и град во големина на лешник. Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош.
Командирот на Територијална противпожарна единица Тетово бара да биде исклучена струјата во целиот град, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти.
„На бројот за итни случаи 112 стигнаа неколку пријави од граѓани за поплавени подруми. Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
З. АНДОНОВ