ЃОРЃИЕВСКИ ПОВИКА ДА СЕ ПРИЈАВИ ЗАГАДУВАЧ НА Е-ПОШТАТА [email protected], ВЕТУВА КАЗНУВАЊЕ

    ЃОРЃИЕВСКИ ПОВИКА ДА СЕ ПРИЈАВИ ЗАГАДУВАЧ НА Е-ПОШТАТА PRIJAVIZAGADUVACHI@SKOPJE.GOV.MK, ВЕТУВА КАЗНУВАЊЕМинистерството за животна средина денеска ги укина мерките за заштита за Скопје оти загадувањето падна под прагот за алармирање. (Фото: К. Попов)

    Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани да пријават потенцијални загадувачи на е-поштата: [email protected] .

    Во објава на својот фејсбук профил, Ѓорѓиевски вели дека во изминатите два дена се спроведени „силни и координирани инспекциски надзори на терен“, а Инспекторатот за животна средина изрече казни кон правни лица загадувачи. Тој не прецизира колку правни лица и со какви казни се казнети.

    „Но за она што е во надлежност на Градот Скопје, порачувам јасно и недвосмислено дека нема да има никаква толеранција“, ветува Ѓорѓиевски.

    Откако со денови повеќе градови во земјава беа меѓу најзагадените во светот, утринава Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица.

    „Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат“, соопшти Министерството.

    На 19 декември, Министерството објави мерки според кои им се препорачуваше на сите работодавци да ги ослободат од работните обврски бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира