ГОРИ БОРОВА ШУМА НАД ЗАЈАС, ОГНОТ СЕ ШИРИ КОН КУЌИТЕ

    ГОРИ БОРОВА ШУМА НАД ЗАЈАС, ОГНОТ СЕ ШИРИ КОН КУЌИТЕИ вчера горела борова шума и сува трева над Зајас и со помош на ер тракторите пожарот бил изгаснат вчеравечер во доцните часови, но денес околу два попладне повторно избувнал. - Пожарот кај Зајас околу 20 часот

    Гори борова шума и сува трева во близина на кичевските села Зајас и Страгомишта, а пожарот се заканува да ги зафати и куќите. Од противпожарната бригада на Кичево велат дека со сите расположливи средства го гаснат огнот, кој е на стотина метри од куќите и од главниот пат.

    „Формиран е кризен штаб. Од нашата бригада ангажирани се три возила и десетина пожарникари. Огнот се појави околу 14 часот. Ер тракторите неколку пати направија прелети и гаснеа. Во меѓувреме очекуваме и помош од гостиварската противпожарна бригада, бидејќи пожарот се уште не е под контрола. Засега нема запалени куќи, но оние најистурените се во опасност“, велат од Пожарната во Кичево.

    Од противпожарната бригада на Кичево објаснуваат дека и вчера горела борова шума и сува трева над Зајас, и дека со помош на ер тракторите пожарот бил изгаснат вчеравечер во доцните часови. Но, дека денес околу два попладне повторно избувнал.
    „Направен е воден обрач околу делот што гори за да не се шири кон куќите, но се уште постои опасност да се прошири кон селата“, велат од Пожарната во Кичево.
    Од полициската станица во Зајас велат дека се уште не е почната евакуација на населението, и дека во моментов најзагрозени се 15-тина куќи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари