ГОРИ КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО, ИМА И ПОВРЕДЕНИ

ГОРИ КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО, ИМА И ПОВРЕДЕНИБолни и изгорени повредени се изнесуваат од зградата во колички, а зградата е целосно изгорена. (Фото: Зандон)

Гори Ковид-центарот во Тетовската болница. На местото интервенираат и пожарните екипи. Во моментов не се познати причините за пожарот, ниту дали има евентуални жртви. Но болни и повреденисо изгореници се изнесуваат од зградата во колички. Зградата е целосно изгорена.

Пожарот почна по 21 часот, но нема знаци за смирување, густ чад и пламен се шири наоколу.

Во тетовскиот модуларен Ковид-центар има 24 хоспитализирани болни.

З. АНДОНОВ

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира