Пожарот што избувна попладнево над селото Делогожда, Струшко и натаму гори. Екипите што сѐ таму не можат да ја совладаат огнената стихија. Пожарот првин избувнал во месноста позната како „бегова шума”.
Во гаснењето на огнената стихија учествуваат претставници на струшката противпожарна бригада, како и месното население. Сето тоа не е доволно да се изгасне пожарот кој и натаму беснее.
Струшките пошарникари велат дека ова бил прв поголем пожар летово на отворен простор.