ГОРИ ШТИПСКАТА СТРАНА НА ПЛАНИНАТА СЕРТА, АКТИВНИ СЕ ШЕСТ ПОЖАРИ НИЗ ЗЕМЈАВА

    ГОРИ ШТИПСКАТА СТРАНА НА ПЛАНИНАТА СЕРТА, АКТИВНИ СЕ  ШЕСТ ПОЖАРИ НИЗ ЗЕМЈАВАГори трева и нискостеблести дрвја, даб и смрека, а ако не се изгаси може да се прошири кон повисоките шумски појаси на планината Серта. (Фото: СДК.МК)

    Во масивот на планината Серта се случи првиот пожар во оваа година. Пожарот е во близина на селото Селце во подножјето на Серта. Лани првите пожари на Серта беа од неготинска страна, годинава првиот пожар се појави од штипската страна кај селата Селце и Драгоево.

    Според првичните информации, гори трева и нискостеблести дрвја, даб и смрека, а ако не се изгасне може да се прошири кон повисоките шумски појаси на планината и пожарот да се префли на другата страна од Серта кон Криволак. Првиот бран на пожарот е одбиен, но се јавуваат и други опожарени места.

    Од Противпожарната единица во Штип соопштија дека на терен се 12 пожарникари со 4 протипожарни возила, а побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Додека не се добие помош штипската Пожарна формира дежурства на пожарникарите во текот на ноќта.

    Активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово, село Нивичино, планините Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Пожари има и во Во Општина Чучер-Сандево, во Прилеп кај село Бешиште, во Општина Желино  помеѓу селата Церово и Групчин и во Општина Теарце кај село Теарце.

    Т. ЈОВАНОВСКИ   

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира