ГОСТИВАРКА ДВАПАТИ ИЗМАМЕНА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ И ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ

    ГОСТИВАРКА ДВАПАТИ ИЗМАМЕНА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ И ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИПолицијата презема мерки за расчистување на случајот. (Фото: СДК.МК)

    Гостиварка во желбата за лесна заработувачка преку интернет двапати била измамена. Откако увидела дека нема ништо да добие, туку и останала без пари, случајот го пријавила во ОВР Гостивар.

    На 28.11.2024, 42-годишна жена од Гостивар пријавила во ОВР Гостивар дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, на 25.11.2024 преку социјална мрежа нашла веб-страница на која прво требала да уплати одредени парични средства и да изврши задачи за да ѝ биде исплатена заработувачката. Како што е пријавено, откако во два наврати уплатила вкупно 170 долари и ги извршила задачите, едно лице ѝ се јавило и барало да уплати уште пари, по што сфатила дека е измамена. Исто така, според пријавеното, после тоа нашла друга веб-страница и побарала помош да си ги врати парите. Преку социјална мрежа стапила во контакт со едно лице, кое преку апликацијата влегло во нејзиниот телефон и од нејзината банкарска сметка резервирало 119.000 денари и потоа ѝ се јавило и побарало уште 200.000 денари“, соопштуваат од СВР Тетово.

    Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира