ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА ДОБИ ОДДЕЛЕНИЕ КАДЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

    ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА ДОБИ ОДДЕЛЕНИЕ КАДЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТВо просторијата на инфективното одделение има три болнички кревети, заштитни маски, очила, капи, мантили за еднократна употреба и средства за дезинфекција. (Фото: СДК.МК)

    Во инфективното одделение на гостиварската болница „Ферит Мурат“ од денеска има посебно опремена просторија за опсервирање и следење на сомнителни случаи од коронавирусот. Во просторијата има три болнички кревети, заштитни маски, очила, капи, мантили за еднократна употреба и средства за дезинфекција.

    „Просторијата е опремена според препораките на Министерството за здравство, а обезбедено е и посебно амбулантно возило за транспорт на евентуални заболени. Собата е со три кревети и е одредена за поединечни случаи, но во случај на помасовна појава целото инфективно одделение ќа се затвори за прием на пациенти со обични инфективни заболувања, кои ќе се распоредат на другите одделенија, а овој дел ќе биде изолиран како карантин за заболените од коронавирусот“, изјави д-р Јакуп Јакупи директор на Општата болница во Гостивар.

    Од Полошкиот Регион, според неофицијални податоци, во Италија престојуваат над 10.000 иселеници од кои поголемиот дел работат и живеат токму во италијанскиот северен дел каде има случаи на заболени од коронавирусот и каде засега починале седум лица.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира