ГРАД СКОПЈЕ ЈА ОТКАЖА НОВОГОДИШНАТА ПРОСЛАВА НА ПЛОШТАД, „АВАЛОН“ ЌЕ ГО ТУЖИ КОЦЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАД СКОПЈЕ ЈА ОТКАЖА НОВОГОДИШНАТА ПРОСЛАВА НА ПЛОШТАД, „АВАЛОН“ ЌЕ ГО ТУЖИ КОЦЕ

    Градот Скопје се откажува од дочекот на Нова година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија.

    „Средствата што беа планирани за организирање на дочекот и се во износ од околу 2 милиона денари, ќе ги донираме во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје. Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде ‘Македонски телеком’“, се вели во соопштението на Град Скопје.

    Со оваа одлука, по Велес, Скопје е втор град во земјава што се откажува од прослава на Нова година.

    Каролина Гочева, Миле Кузмановски, Адријан Гаџа и Слаткар требаше да настапат на прославата на Плоштад Македонија, а на прославата на Општина Центар на Сквер Јадран ќе настапат Јура Стублиќ и „Филм“, „Забрането пушење“ и македонските хип хоп пионери С.А.Ф.

    Иницијативата за откажување на новогодишните прослави на градските плоштади за парите да се пренаменат за хуманитарни цели, почна во Србија. Кај нас, Партијата Левица на својата веб страница во вторникот креираше онлајн петиција со која се бара парите за новогодините прослави да се пренасочат за помош на социјално загрозените граѓани, а да има само симболично одбележување на Нова Година.

    Под влијание на апелите на македонските твитерџии на социјалните мрежи ваквата практика да се примени и кај нас, општините почнаа да размислуваат да ги пренаменат планираните средства за прослава во хуманитарни цели.

    Вчера и Општина Центар информираше дека прават анализа дали воопшто и колку од буџетот може да се заштеди и реално да се пренамени и ќе соопштат дали ќе се откажат од новогодишна прослава. Градоначалникот Андреј Жерновски не даде отчет колку Општина Центар ќе потроши за хонорари за гостите од Хрватска ниту пак за домашните хипхопери.

    Продукцијата „Авалон“ ќе го тужи Градот Скопје ако се откаже од дочек на Нова година и ќе бара целосно да бидат исплатени сите трошоци. Каролина Гочева што требаше да пее на Плоштад е ексклузивец на „Авалон“. Најавата за тужба ја напиша сопственикот на „Авалон продукција“, Бобан Милошески, на својот профил на Фејсбук, како реакција на најавата на Град Скопје дека ќе се откаже од дочекот на Нова година на плоштадот и парите ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

    „Ако Град Скопје се откаже од дочек на Нова година, (а тоа може да го направи затоа што оваа година не плаќа 100.000 евра за некоја Северина и 50.000 евра за продукција од странство) и со тоа ги оштети македонските артисти и продукцијата од Македонија, ‘Авалон’ ќе го тужи Град Скопје и ќе бара целосно да бидат исплатени сите трошоци. Исто од хуманитарни причини, ‘Авалон’ ќе поведе иницијатива градоначалникот и вработените во Град Скопје своите шест месечни плати да ги донираат на сиромашните“, пишува Милошески на својот статус на Фејсбук.

    Тој додава дека Нова година на пејачите во Македонија им значи исто како на секој што работи за плата.

    „Пејачите за Нова година заработуваат за живот и ним тој термин им значи како на некој вработен шест плати. И до кога со патриотизам на штета на Македонецот. Да беше некој Оливер Драгојевиќ како лани, ќе беше платен 100.000 евра и досега ќе беше исплатен, но бидејќи е Миле Кузмановски наш, немаме гајле и ќе глумиме хумани“, се вели во статусот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира