ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА МЕНУВА АСФАЛТ НА РУЗВЕЛТОВА БЕЗ ДА НАЈАВИ ДЕКА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА Е ЗАТВОРЕН

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА МЕНУВА АСФАЛТ НА РУЗВЕЛТОВА БЕЗ ДА НАЈАВИ ДЕКА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА Е ЗАТВОРЕННа потегот од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со улицата Орце Николов затворена е една коловозна лента. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје денеска почна со градежни работи за реконструкција на улицата Рузвелтова. Градежна механизација од неколку камиони од утрово работи на корнење на стариот асфалт на потегот од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со улицата Орце Николов. Заради градежните работи на овој потег затворена е една коловозна лента.

    Од Град Скопје вчера не најавија ниту денеска информираа дека се почнува со реновирање на оваа улица и дека ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Информации нема на веб страната на Град Скопје, ниту на фејсбук профилите на Градот и на градоначалничката Данела Арсовска.

    Според податоците на страната на Бирото за јавни набавки реконструкцијата на потегот од булевар Партизански одреди до булевар Илинден ќе чини околу 190.000 евра. Работите ќе ги изведува фирмата „Топ Билд ДООЕЛ“, а договорот е склучен на 30 ноевмри 2022.

    Град Скопје во моментов во центарот на градот ја реновира и улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници. Градежните работи на оваа делница почнаа во 22 септември и тогаш градоначалничката Арсовска кажа дека ќе биде готова за пет месеци. Рокот е поминат, а улицата уште не е пуштена и дел од неа е затворен за сообраќај. На овој потег истовремено и Општина Центар работи на реновирање на улицата Ленинова, со што  секојдневно се создава метеж.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира