Силно невреме проследено со пороен дожд и град попладнево го зафати Кумановско-липковскиот регион.
Во невремето кое започна по 18 часот најголеми штети се предизвикани на територијата на општина Липково, каде градот бил со големи на орев и од него побелела целата земја.
„Во селата Липково, Отља, Оризаре и Слупчане во 18.15 часот почна да врне силен дожд, проследен со ветар и има паднато голема количина на град. Оштетени се земјоделски култури, како и автомобили од паднатиот град“, информираа од Центарот за управувањре со кризи (ЦУК).
Во Куманово имало пријава за поплавен двор во кој има трафостаница, а во Старо Нагоричане е уништен овоштарник со 300 дрвца и кров на викенд куќа.
Од ЦУК предупредуваат дека во текот на ноќта се очекува зголемување на водостојот на дел од реките, поради обилни врнежи на дожд во Косово.
С.НИКОЛИЌ