ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕ

    ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕПричина за раскинување на договорот, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, е можната енергетска криза. - Дел од ланското украсување на улица Македонија (Фото: СДСМ)

    Новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје.

    Причина за раскинување на договорот, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, е можната енергетска криза и можните рестрикции во снабдувањето со електрична енергија.

    „Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус  за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра“, соопштија од кабинетот на Арсовска.

    Од таму додаваат дека следната година наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.

    Договорот за новогодишно украсување беше склучен од претходниот градоначалник Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа плус“ и чини 240.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира