ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ОДБИ ДА ЗБОРУВА ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ВО ИНТЕРЕС НА ИСТРАГАТА

    ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ОДБИ ДА ЗБОРУВА ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ВО ИНТЕРЕС НА ИСТРАГАТАПремиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање, кажа дека е информиран за обид за изнуда кај градоначалничката на општина Битола, но таа ги одбила. - Наташа Петровска (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Битола Наташа Петровска денес на новинарско прашања дали истражните органи зеле изјава од неа за случајот „Рекет“ не сакаше да зборува за детали, како што рече, во интерес на истрагата.

    „Не сакам во овие околности за постапка и процес што ги водат други органи да зборувам во интерес на постапката. Тогаш кога ќе бидам запрашана од одделни институции ќе дадам соодветен одговор. Дали ќе бидам овие денови запрашана, не можам да кажам“, рече Петровска.

    Премиерот Зоран Заев пред околу еден месец на пратенички прашања во Собранието кои се Коки и Кики и дали знае која градоначалничка се обиделе да ја рекетираат барајќи од неа бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра, рече дека за случајот се води истрага и дека е информиран за нивниот обид за изнуда кај градоначалничката на општина Битола, но таа ги одбила.

    „Се работи за случај од пред една година. Се барало локација за старски дом, се барало урбанизација на локација, но надлежноста е на Советот, а Битола нема намера да прави измена на Генералниот план“, рече тогаш Заев.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира