ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРИН ВО НИШ ДОГОВАРА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ОПШТИНА ПАЛИЛУЛА

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРИН ВО НИШ ДОГОВАРА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ОПШТИНА ПАЛИЛУЛАГрадоначалникот Марин денеска имаше средба со заменик-градоначалничката на Град Ниш, Душица Давидовиќ.(Фото:Општина Аеродром)

    Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин заедно со делегација од Општината е во дводневна работна посета на Ниш и Општината Палилула.  Како што информираат од Општината, Марин вчера имал средба со претседателот на Општина Палилула, Братислав Вучковиќ, на која се разговарало за стратегиско партнерство меѓу двете општини.

    „Тоа би се реализирало преку размена на искуства и знаења при имплементација на развојни проекти финансирани од домашни и меѓународни донатори, посебно во јасната определба за соработка со Европската Унија. Оваа иницијатива е своевидно одобрување и надоврзување на изразената декларација Општина Аеродром да биде прва општина со европско знаменце и да претставува пример за другите општини во земјата, но и во регионот. Соработката со Општина Палилула ќе ни овозможи заеднички да работиме на проекти што ќе го подобрат стандардот за живеење на граѓаните на двете општини“, вели градоначалникот Златко Марин.

    Општините ќе потпишат меморандум за меѓуопштинска соработка, со кој ќе имаат поголеми шанси за добивање средства од европските фондови. Предвидено е да се формира координативно тело со претставници на бизнис-заедницата од двете општини предводени од првите луѓе на развојната агенција од Ниш и Јавното претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром.

    Денеска Марин имаше средба со заменик-градоначалничката на Град Ниш, Душица Давидовиќ

    Општина Палилула е една од петте општини во Ниш формирана на 6 јуни 2002 година, која се наоѓа во јужниот дел на градот и има над 72 илјади жители.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира