ГРАДОТ ЌЕ АНГАЖИРА 1.000 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ

    ГРАДОТ ЌЕ АНГАЖИРА 1.000 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕАнгажираните лица ќе добијат 6.139 денари, ќе имаат платен автобуски превоз и надоместок за ручек.- контејнер во центарот на Скопје (Фото:СДК.МК)

    Јавните претпријатија и 1.000 невработени лица ќе го чистат градот во рамките на акцијата на Град Скопје за големо чистење на сите општини во Скопје.

    Во рок од 15 дена ќе се чистат сите 10 скопски општини, а покрај вработените во јавните претпријатија, преку Агенцијата за вработување ќе бидат ангажирани и невработени лица. Тие ќе добијат 6.139 денари, ќе имаат платен автобуски превоз и надоместок за ручек. Парите за чистење, околу 7 милиони денари, се пренаменети од ставката за трошоци за градската администрација.

    Агенцијата за вработување испратила покани до 5.00о невработени лица за учество во акцијата, а досега прифатиле 350.

    „Оваа голема акција за чистење и миење на градот ќе стане традиционална, односно секоја пролет и есен ќе организираме масовно чистење. Секоја општина со целата механизација на јавните претпријатија и ангажираните лица ќе се чисти во посебен ден. Кога ќе завршиме со општините, ќе преминеме на чистење на кејот на реката Вардар. Се надевам дека ќе почнеме после среда, кога има најави дека времето ќе се подобри. Ги повикувам да ни се приклучат граѓаните и сите општествено одговорни компании“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    .

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира