„ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ЈА ТРГНА ДЕПОНИЈАТА СО РАСПАДНАТИ КОЛИ ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА, ВОЗИЛАТА ПОЛНИ СО ЃУБРЕ БИЛЕ НА МИНИСТЕРСТВА

    „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ЈА ТРГНА ДЕПОНИЈАТА СО РАСПАДНАТИ КОЛИ ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА, ВОЗИЛАТА ПОЛНИ СО ЃУБРЕ БИЛЕ НА МИНИСТЕРСТВАНеподнослива смрдеа се ширеше додека работниците, кои ја чистеа депонијата со неколку камиони, го ринеа она што го најдоа под старите коли. (Фото: СДК.МК)

    Депонијата со хаварсисани автомобили под Железничката станица во Скопје во која живееја бездомници и покрај која секојдневно поминуваа граѓани и особено ученици од училиштата „Димитар Влахов”, Хемиско и други, по своја иницијатива ја чисти утринава „Градски паркинг“.

    Откако останаа глуви сите надлежни институции, директорот на „Градски паркинг“ им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат во околните згради и на учениците кои се симнуваат на приградската автобуска станица, бидејќи од фекалиите, стотиците шишиња со урина под старите коли и од купиштата ѓубре што го фрлале со месеци бездомниците што живеат во нив, се ширеше опасна смрдеа и зарази.

    Директорот Крсте Петревски првин истражил чии се колите што се оставени на тој простор што е на „Градски паркинг“. Не е негова обврска, но тој утринава со вработените го чисти просторот и за жал, го загадува својот, но привремено.

    „Градски паркинг“ покрена правна постапка за министерствата во чија сопственост се колите, да си ги земат. (Фото: СДК.МК)

    „Се работи за стари неупотребливи возила во сопственост на министерствата, кои ги трупале под Железничката станица. Привремено овие возила ќе бидат сместени внатре на просторот на ‘Градски паркинг’, за да не се фрла ѓубре во нив и да не се вселуваат бездомници. Во исто време, покренавме правна постапка за министерствата во чија сопственост се колите, да си ги земат. Ќе им понудиме бесплатен превоз до крајната дестинација, дали ќе биде тоа на соодветна депонија, на топење, кај и да е”, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК Петревски.

    Неподнослива смрдеа се ширеше додека работниците, кои ја чистеа депонијата со неколку камиони, го ринеа она што го најдоа под старите коли.

    За утре најавија цистерна со хемикалии кој детално ќе го мие остатокот од хоророт под Железничка. 

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира