ГТЦ ОГРАДЕН, БАРОКОТ НАПАЃА?

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГТЦ ОГРАДЕН, БАРОКОТ НАПАЃА?

    Од денеска е поставена ограда околу Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Не е познато дали Владата, и покрај масовните јавни протести, дефинитивно ќе го почне преслекувањето во барок и на овој култен архитектонски објект и едно од обележјата на главниот град. 

    Оградата е поставена од страната кон Жена-парк и оди речиси до Порта Македонија. На оградата нема никакви ознаки, ниту кој ни зошто ја поставил.

    Од општина Центар немаат информација кој го оградил Трговскиот. Вечерва главниот инспектор излегол на терен.

    gtc1 Во почетокот на јули, Владата ги прогласи за објекти од посебен интерес и ја одзеде ингеренцијата на Општина Центар за ГТЦ, но и за Македонската опера и балет (МОБ)  и Националната универзитетска библиотека „Св.  Климент Охридски“ (НУБ), заради изработка на планско урбанистичка документација за нив. Со оваа постапка се отстрании последната пречка за преслекување во барок на овие објекти – Општина Центар, оти градоначалникот Андреј Жерновски најави дека нема да дозволи ширење на барокот. Со статусот објекти од посебен интерес, за овие објекти Општината нема никакви ингеренции. Плановите за нив ги прави државната Агенција за планирање на просторот, документацијата ја подготвува Министерството за транспорт и врски, а одобренијата за градење место Општината и Градот, како за сите останати градби, ги издава Град Скопје.

    Асоцијацијата на архитекти на Македонија во јули изјави дека тајмингот не е случајно одбран, во време на летните одмори, за на мала врата да се протурка намерата со што помал одек и реакции во јавноста.

    Денеска не беа достапни за коментар дали со оградувањето почнува барокот и врз ГТЦ ниту општинските власти на Центар, ниту Градот, ни Министерството за култура.

    На 6 јули, „Го сакам ГТЦ“ се придружи на протестот на Шарената револуција и двете граѓански движења повикаа за спас на ГТЦ, на МОБ и на НУБ “Св. Климент Охридски“ од барок. Министерството за култура тогаш соопшти дека нема да има никаква промена на фасадите на МОБ и на НУБ. Но, во истото соопштение не беше спомната одлуката за преслекување во барок на Градскиот трговски центар.

    Архитектите кои го следат обидот за барокизација на ГТЦ велат дека за да се почне со градежни активности останати се само финеси. Завршени се и основниот и изведбениот проект, а се чека согласност од ИЗИИС за статиката и противпожарна согласност од МВР.

    Барокот за ГТЦ го осмислија Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Според нивниот проект, ГТЦ би се надградил за уште еден кат, би се затворил од сите страни и би се направиле влезови со антички столбови, а  на покривот предвидени се три куполи како оние на Собранието и скулптури.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари