„ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ ОБЕЗБЕДИ ДВЕ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ КОМУНАЛЕН ОТПАД ОД РОМСКИТЕ МААЛА ВО ВЕЛЕС

    „ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ ОБЕЗБЕДИ ДВЕ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ КОМУНАЛЕН ОТПАД ОД РОМСКИТЕ МААЛА ВО ВЕЛЕСВозилата чинат околу 22.000 евра (Фото: СДК.МК)

    Американската невладина организација „Хабитат Македонија“ ѝ донираше на Општина Велес две возила за собирање отпад. Со нив ќе се собира цврст комунален отпад од локации во Велес каде што живее ромско население. Возилата се набавени преку проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“, што „Хабитат Македонија“ го реализира во општините Велес и Шуто Оризари.

    „Набавката на овие возила е само дел од проектот. Вклучува и изработка на ДУП за два густо населени опфати во Општина Велес, како и реконструкција на домови каде што живеат маргинализирани семејства од ромската заедница“, кажа Зоран Костов, директор на „Хабитат Македонија“.

    Возилата чинат околу 22.000 евра.

    „Овие возила се неопходни за стрмните и непристапни улици во населбата каде што живеат Ромите. Се надевам дека ќе го подобриме квалитетот на живот“, рече Тони Јовиќ, директор на ЈКП „Дервен“, кое ќе биде корисник на возилата.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира