ХОЛАНДСКИ ТУРИСТИ ГИ ХРАНАТ КУЧИЊА СКИТНИЦИ ВО ОХРИД

    ХОЛАНДСКИ ТУРИСТИ ГИ ХРАНАТ КУЧИЊА СКИТНИЦИ ВО ОХРИДВработените во хотелите каде престојуваат туристи од Холандија раскажуваат дека тие секојдневно ги хранат кучињата скитници (Фото: СДК.МК)

    Гости од Холандија ги хранат кучиња скитници во Охрид. Најчесто ги наоѓаат напуштени во близина на хотелите во кои се сместени. Додека престојуваат во Охрид, тие секојдневно ги хранат кучињата скитници.

    „За нас беше изненадување кога еден холандски гостин ни рече да не ги бркаме кучињата скитници кои беа насобрани пред нашиот хотел. Сакавме да ги тргнеме од предворјето на објектот за да не им пречат на туристите. Набргу видовме дека и останатите Холанѓани почнаа овие кучиња, кои охриѓани ги нарекуваат љамгачи, да ги хранат и да ги негуваат”, вели сопственик на познат охридски хотел.

    Охрид со години има проблеми со кучињата скитници, дури имаше и неколку каснувања на минувачи и тоа во строгиот центар на градот. Охриѓани бараа изградба на стационар за овие скитници, но и покрај сите ветувања стационарот сѐ уште го нема.

    Во март годинава, од охридска организација „Анималија“ најавија дека од август сите кучиња скитници што се под нивен надзор ќе ги пуштат на улица. Велат дека главна причина за ова е негрижата за одржување на стационарот од надлежните локални служби.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира