Во Охрид е во тек уредувањето на Холандскиот парк, на почетокот од езерскиот кеј во близина на каналот „Студенчишта“. Поставено е ново детско игралиште, кое до пред неколку месеци беше речиси целосно уништено, како и нови клупи, нови дрвени лежалки за одмор и корпи за отпад.

Поставено е ново детско игралиште кое беше речиси целосно уништено пред неколку месеци. (Фото: СДК.МК)
Во октомври 2025, охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, најави дека финализираат подготовките за почеток на реконструкцијата на делот кај споменикот на А. Ден Долард, попознат како Холандски парк.
Сменети се и реквизитите за вежбање во фитнес зоната на отворено, а поставено е и ново осветлување.
Реновирањето на Холандскиот парк беше најавено како дел од проектите на Пецаков за време на Локалните избори во 2025. Проектот е финансиран преку повикот од Владата, најави тогаш Пецаков.
М. ЏАРОВСКА



