Печат на познатото трговско семејство Данабаш од 1882 година е дел од вредната збирка експонати која сведочи за историјата и градската традиција на Битола, изложена во реконструираниот дел од постојаната музејска поставка во битолскиот Завод и музеј. Изложен е и документ од Јанко Данабаш на кој бил ставен печатот.
Станува збор за познатата трговска фамилија Данабаш, која била толку богата што ја кредитирала и бројната отоманска војска во Битола. Но, пропаста на семејството почнала откако во 1928 свирепо бил убиен братот на Јанко, Петар, а по Втората светска војна им бил конфискуван и имотот од кој дел и велелепната куќа на Широк Сокак во која во поново време беа сместени конзуларни претставништва.

Дел од изложените експонати се и носии, пафти, накит, градска облека, страоградска битолска покуќнина, оружје од отоманско време и Илинденскиот период и друго. (Фото: СДК.МК)
Дел од изложените експонати се и носии, пафти, накит, градска облека, пијана, страоградска битолска покуќнина, оружје од отоманско време и Илинденскиот период и друго.
„Отворен е делот од музејската поставка каде се поместени експонатите од историјата, етнологијата, градски костими и градска соба. Еден мал дел беа изложенио во старата музејска поставка, но голем дел не беа воопшто, а сега се конзервирани и изложени во еден друг амбиент, со нов ентериер, ново наменско музејско осветлување што дава подобар визуелен впечаток“, вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј Битола.
Ова е само дел од реконстрираниот изложбен простор на старата постајана музејска поставка во Заводот кој целосно треба да биде завршен до крајот на годината, а ќе содржи стотици експонати. Пари беа обезбедени преку проектот „Смарт фор ју то“ финансиран од Европската унија.
Тони Коњановски, градоначалникот на Општина Битола, која е партнер во проектот, на отворањето на музејската поствка рече дека ова е огромен придонес и за културата и за туристичката понуда на градот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА