И ПО ОСУМ ДЕНА СÉ УШТЕ ИЗЛЕГУВА ЧАД ОД ДЕПОНИЈАТА КАЈ ВОЛКОВИЈА

    И ПО ОСУМ ДЕНА СÉ УШТЕ ИЗЛЕГУВА ЧАД ОД ДЕПОНИЈАТА КАЈ ВОЛКОВИЈАДенеска новинари од меѓународната телевизиска мрежа Ал Џезира направијаснимка со дрон од која може убаво да се види дека на делови од депонијата и понатаму излегува чад.(Фото: Ал Џезира)

    Поминаа осум дена од пожарот на депонијата за смет кај Волковија, а од неа и понатаму се крева чад и непријатна миризба. Жителите на селата Волковија и Стенче, кои се наоѓаат најблиску до запалената депонија велат дека депонијата и понатаму чади, не како кога изби пожарот, но и понатаму им создава тешкотии во дишењето.

    „Депонијата уште чади. Не знаеме зошто и после толку денови откако се запали, не може целосно да го изгаснат пожарот. Ова е веќе неподносливо“, вели жител на Волковија.

    Од Противпожарната единица од Тетово велат дека во изминативе денови по потреба праќале противпожарно возило да интервенира на делови од депонијата каде уште тлеел огнот.

    „На депонијата продолжува закопувањето на сметот во земја, а по потреба одиме и ние да интервенираме. Сме праќале по еден камион-цистерна за да направи некоја интервенција“, информира Авни Амети од ТППЕ Тетово.

    Компанијата „Еко Ливинг“ ДООЕЛ Чегране -Гостивар добила дозвола за работа од Министерството за животна средина, но на ова место не смеела да депонира комунален смет туку овој вид смет требало да го носи на депонијата Русино кај Гостивар. Очигледно е дека оваа од страна на концесионерот не е почитувано бидејќи на депонијата гореше комунален смет.

    Откако изби пожарот се огласија од Државниот инспекторат за животна средина кој на „Еко Ливинг“ му изрече платни налози од 9.000 евра за правното лице и 500 евра за физичкото лице. Исто така издадено е решение со кое фирмата е задолжена комуналниот отпад од локацијата што се запали, во рок од 90 дена да го однесе на депонијата Русино и изрече забрана да се носи комунален отпад на истата локација.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира