И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ЗА ГРЧКО ВЕТО, ОПТИМИСТ СУМ ДЕКА АЛБАНИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БЕГАЈ ВО БИТОЛА

    И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ЗА ГРЧКО ВЕТО, ОПТИМИСТ СУМ ДЕКА АЛБАНИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БЕГАЈ ВО БИТОЛАБегај се заблагодари на македонските власти што Денот на албанската азбука, 22 Ноември е прогласен за национален празник. (Фото: СДК.МК)

    Албанскиот претседател Бајрам Бегај, при посетата на Битола по повод 115-годишнината од унифицирањето на албанската азбука, рече дека е оптимист за евроинтеграцијата на двете држави, Македонија и Албанија, и покрај грчката најава за вето на нивната држава и бугарското вето за Македонија.

    „По природа сум оптимист и треба да гледаме оптимистички. Како што пред 115 години нашите преродбеници биле оптимисти, така и ние треба да бидеме. Го посакувам најдоброто за нашите два народа во еден најкраток можен пат кон ЕУ и едно поубаво утре за нашите деца со просперитет и мир во регионот“, рече Бегај.

    Тој изрази благодарност до властите што Денот на албанската азбука, 22 Ноември е прогласен за национален празник, што покажува за добрите меѓусоседски односи и дека соседите треба да се почитуваат меѓусебе и симболите на народите.

    Конзулот на Албанија во Македонија Имер Селмани рече дека треба не само од симболичен, туку од суштински аспект да станеме Европјани и да ги воведеме европските стандарди.

    „Идејата е не само во ноември туку и во текот на цела година Битола да биде дестинација на туризмот каде од Косово, Албанија, Прешево, Црна Гора и секаде каде живеат Албанци да дојдат тука да го посетат градот, во еден космополитски градот да го почувствуваат духот на минатото, но и толеранцијата и соживотот на денешницата”, рече Селмани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира