И ВТОРАТА БОЕМСКА УЛИЦА ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКА ЗОНА, ОДЛУЧИ ОПШТИНА ЦЕНТАР

    И ВТОРАТА БОЕМСКА УЛИЦА ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКА ЗОНА, ОДЛУЧИ ОПШТИНА ЦЕНТАРКоли секој ден не само што се движат по улицата, туку и се паркираат кај ќе стигнат. Столпчињата кои се поставени за да се спречи паркирање постојано се кршат.(Фото: СДК.МК)

    Вториот дел на Боемска улица ќе стане пешачка зона. Општина Центар изготви сообраќајно решение за забрана за сообраќај во овој дел од Дебар Маало, со цел да се реши хаосот со паркирани возила низ улицата. Пешачка зона ќе биде делот од кафулето „Кантина“ до улицата Орце Николов.

    „Сообраќајното решение е изготвено и предадено на одобрување во Министерството за внатрешни работи. На Боемска 2 ќе биде дозволено само влез на возила за дотур на стока, но во определен дел од денот. За да се затвори Боемска, улицата Костурски херои ќе стане двонасочна“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

    Општина Центар во декември 2016 година за 710.000 евра ја реконструираше улицата, партерно уредувајќи и тогаш најавија дека ќе биде затворена за сообраќај. Но, Боемска 2 никогаш не стана пешачка зона. Коли секој ден не само што се движат по улицата, туку и се паркираат кај ќе стигнат. Столпчињата кои се поставени за да се спречи паркирање постојано се кршат.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари