ИЛЈАДА ХЕКТАРИ ЛОЗОВ И ОВОШЕН НАСАД ОШТЕТЕНИ ВО СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ ВО ШТИПСКО И КАРБИНСКО

    ИЛЈАДА ХЕКТАРИ ЛОЗОВ И ОВОШЕН НАСАД ОШТЕТЕНИ ВО СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ ВО ШТИПСКО И КАРБИНСКОЗемјоделците велат дека на лозовите насади има оштетување од 50 до 70 проценти (Фото: СДК.МК)

    Се сумираат последиците од невремето што синоќа го зафати регионот на Штип и Општина Карбинци, предизвикувајќи штети на околу 1.000 хектари лозови и овошни насади. Најмногу на удар биле насадите со вишна, чија берба штотука започна. Град имаше и во самиот Штип.

    Како што информираат од подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Штип, тие добиле известувања од земјоделците дека градот и поројниот дожд најмногу штета предизвикале во селата Караорман и Карбинци и во месностите Суитлак, Ајнато и Орта Колиба во околината на Штип.

    Сопственици на насади со вишна, јаболко, орев и слива велат дека градот бил толку силен што плодовите од дрвјата ги послал на земја, не оставајќи ништо за берба.

    „Нема да има берба и од лозовите насади, чие оштетување е од 50 до 70 проценти. Речиси да нема грозд кој беше во фаза на формирање зрно да не е погоден. Градот ја уништи и нивата со домати, пченка и бостан“, вели штипскиот земјоделец Ибо Алиов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира