ИМА ПОВЕЌЕ ОД ДОВОЛНО ЗЕЛЕНИЛО ВО КАРПОШ, ОДГОВОРИ СТЕВЧО НА ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ЈА БЕТОНИЗИРА ОПШТИНАТА

    ИМА ПОВЕЌЕ ОД ДОВОЛНО ЗЕЛЕНИЛО ВО КАРПОШ, ОДГОВОРИ СТЕВЧО НА ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ЈА БЕТОНИЗИРА ОПШТИНАТАГраѓанската иницијатива „За заштита на зеленилото во Карпош“ од вчера почнаа акција да се сопре градбата на нови објекти на просторот кај ресторанот „Имес“, повикувајќи ги сите жители на Карпош на излезат на протест. - Стевчо Јакимовски; Градилиштето кај „Имес“ (Фото:СДК.МК)

    Нови згради на девет ката ќе никнат на просторот каде сега се наоѓа ресторанот „Имес“, на кејот на реката Вардар, во населбата Карпош. Просторот околу ресторанот е заграден и со градежна механизација се расчистува просторот.

    Граѓанската иницијатива „За заштита на зеленилото во Карпош“ од вчера почнаа акција да се сопре градбата на нови објекти, да престане бетонизацијата на Капрош и тој простор да биде зеленило со спортско-рекреативни објекти.

    „Не смееме да дозволиме во овој период да се дивее во општината, особено и тој мал рекреативен дел покрај кејот на реката Вардар да се бетонизира. Имаме информации дека од ‘Имес’ до салата ‘Борис Трајковски’ ќе никнат 25 згради, хотели и деловни објекти. Ќе организираме протест, граѓански марш на кој се надеваме ќе излезат сите жителите на Карпош, за да не дозволиме ниту една педа земја на овој потек да стане девотокатница“ велат од граѓанската иницијатива „За заштита на зеленилото во Карпош“.

    Градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски вели дека на територијата на Карпош има доволно зеленило, дури повеќе од светските стандарди.

    „Светските стандарди предвидуваат 7 квадрати зеленило по глава жител. Во Карпош има 12 квадрати зеленило по жител и тоа без неуреденото зеленило и парк шумата „Водно“. На овој потег според Деталниот урбанистички план, се предвидени не само згради и деловни објекти, туку и спортско-рекреативни содржини. Ќе се гради затворена сала за гимнастика, сала за тенис, објект на Олимпискиот комитет, како и фудбалското игралиште на ФК ‘Вардар’. Од кејот ќе биде оставено 50 метри зеленило“ вели Јакимовски.

    Жителите на Карпош организирани во неформална група веќе две години водат борба со Општина Карпош за заштита на зеленилото во населбата, односно стопирање на градба на нови станбени објекти.

    Граѓанската иницијатива „Ние сме Карпош 4“ минатата недела упати платформа со триесетина барања за заштита на зеленилото во Карпош, до сите кандидати на градоначалник на претстојните локални избори.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира