ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИП ГО ИСПОЛНИ КАПАЦИТЕТОТ СО 33 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ, ЗА 15 НОВОЗАРАЗЕНИ ПРОСТОР ИМА ВО НЕРВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ИСТАТА ЗГРАДА

    ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИП ГО ИСПОЛНИ КАПАЦИТЕТОТ СО 33 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ, ЗА 15 НОВОЗАРАЗЕНИ ПРОСТОР ИМА ВО НЕРВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ИСТАТА ЗГРАДАЗградата на Инфективното и Нервното одделение во Штип кое што има можност да преостапи простор за заразените со КОВИД-19. (Фото: СДК.МК)

    На Инфективното одделение во болницата во Штип моментно се хоспитализирани 30 пациенти позитивни на коронавирус, а за тројца се чекаат тестовите.

    „Комфорниот капацитет на Инфективното одделение веќе е исполнет. 30 пациенти се со потврден позитивен тест, а за тројца се чекаат резултатите. Сепак, ние имаме можност и простор да хоспитализираме уште неколку новозаразени или пациенти за кои се чекаат тестови. На инфективното одделение имаме уште простор да се вметнат нови кревети. Но, ние некои пациенти кои се излечени ги праќаме дома, а некои со други симптоми ги префрлуваме на Интерното одделение“, вели началничката на Инфективното одделение во Штип Дијана Шишкова.

    Според Шишкова, ако има потреба, Инфективното одделение е во состојба да организира хоспитализација на пациенти со коронавирус и на Нервното оддление кое е во истата зграда со Инфективното и двете одеделение се разделени само со една врата. Таа се надева дека до тоа нема да дојде.

    Т. ЈОВАНОВСКИ
    Фото: Зградата на Инфективното и Нервното одделение во Штип кое заради коронавирусот има можност да преостапи простор за заразените со КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира