ИНСТИТУЦИИ ВО КОЧАНИ РЕКЛЕ ДЕКА СЕ НЕНАДЛЕЖНИ ОТКАКО НЕПОДВИЖЕН МАЖ НА 112 ПРИЈАВИЛ ДЕКА ТРИ ДЕНА Е БЕЗ ХРАНА

    ИНСТИТУЦИИ ВО КОЧАНИ РЕКЛЕ ДЕКА СЕ НЕНАДЛЕЖНИ ОТКАКО НЕПОДВИЖЕН МАЖ НА 112 ПРИЈАВИЛ ДЕКА ТРИ ДЕНА Е БЕЗ ХРАНАПретседателот на ОО Црвен крст Кочани, рекол дека во текот на денот преку нивните волонтери ќе биде доставена храна и вода до болното лице во село Видовиште. (Фото: Општина Кочани)

    Неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат не неподвижен човек во селото Видовиште, кој три дена нема јадено, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Ванчо Димитров од селото Видовште самиот пријавил на бројот за итни случаи 112 дека е во многу лоша здравствена состојба.Три дена немал ниту јадено ниту пиено, поради неподвижност и барал да му се помогне.

    „Преку ЦУК се бараше надлежна институција да излезе на терен и да го реши итниот случај. Од страна на Регионалниот ЦУК Штип, веднаш, се известени Итна медицинска помош Кочани и СВР Штип коишто изјавија дека немаат надлежност да интервенираат (неговите потреби не влегувале во нивната надлежност). Со ОО Црвен Крст Кочани не се воспостави контакт (истите не се јавувале на телефон). Контактирано е со директорот на Јавно комунално претпријатие ‘Водена кула’ од Зрновци и од нивна страна е испратено лице во манастирот во с. Видовиште од каде што ќе биде однесено јадење и други потреби на пријавителот. На првиот работен ден (вторник) ќе биде контактирано со меѓуопштинскиот центар за социјални работи Кочани да преземат мерки согласно нивната надлежност“, велат од ЦУК.

    Денеска попладне е контактирано со  Црвениот крст Скопје и со претседателот на ОО Црвен крст Кочани, кој кажал дека во текот на денот преку нивните волонтери ќе биде доставена храна и вода до болното лице во село Видовиште.

    „Истото во првиот работен ден ќе биде посетено од одговорни лица од Центар за социјални работи Кочани за превземање на мерки во нивната надлежност“, додава ЦУК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира