ИСЧИСТЕН ОДРОНОТ КАЈ ГЕВГЕЛИЈА, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ НОРМАЛИЗИРАН

    ИСЧИСТЕН ОДРОНОТ КАЈ ГЕВГЕЛИЈА, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ НОРМАЛИЗИРАНПоловина ден работа им требаше на вработените од ЈП „Македонски железници инфраструктура“ да го отстранат одронот, кој се случи вчера наутро, а во него удри товарен воз.(Фото: СДК.МК)

    Железничкиот сообраќај од Велес кон Гевгелија и обратно е повторно воспоставен, откако е отстранет одронот на камења на пругата. Половина ден работа им требаше на вработените од ЈП „Македонски железници инфраструктура“ да го отстранат одронот, кој се случи вчера наутро, а во него удри товарен воз.

    Од понеделник се враќаат патничките возови на релација од Скопје до Битола и обратно, по еден наутро и попладне. И натаму нема возови кон и од Кочани и Куманово, а кон Велес и Гевгелија се со намален број линии.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари