ИСПРАВЕНА Е ПЕЧАТНАТА ГРЕШКА НА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА ВО НОВО СЕЛО, ГЛАСАЊЕТО СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМИ, ВЕЛАТ ОД ДИК

    ИСПРАВЕНА Е ПЕЧАТНАТА ГРЕШКА НА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА ВО НОВО СЕЛО, ГЛАСАЊЕТО СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМИ, ВЕЛАТ ОД ДИККондарко рече дека денешното гласање генерално се одвива без проблеми, материјалот е навреме дистрибуиран од општинските изборни комисии до соодветните избирачки одбори и граѓаните непречено го остваруваат своето избирачко право. (Фото: МИА)

    Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко.

    Кондарко рече дека денешното гласање генерално се одвива без никакви проблеми, материјалот е навреме дистрибуиран од општинските изборни комисии до соодветните избирачки одбори и граѓаните непречено го остваруваат своето избирачко право.

    „Засега нема податоци за излезноста зашто гласањето трае до крајот на денот, а кога ќе заврши, ДИК ќе објави колку од пријавените лица за гласање во домашни услови и во старски домови го оствариле своето гласачко право. Резултатите ќе бидат објавени утре“, кажа Кондарко.

    Државната изборна комисија на денешната седница отфрли седум приговори поднесени од граѓани за лично избирачко правo, а прифати три. Тројцата утре ќе можат непречено да го остварат своето право на глас, но се должни на гласачкото место да го донесат и покажат решението што ќе го добијат од ДИК како правен основ да бидат запишани во дополнителнот образец на Избирачкиот список.

    ДИК информираше дека за следење на утрешните локални избори досега се пријавени 1.463 набљудувачи, од кои 807 домашни и 644 меѓународни, како и 12 странски новинари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира