Трговскиот центар Сити Мол во скопската населба Карпош околу пладне беше итно евакуиран откако полиција им наредила на посетителите и на вработените веднаш да го напуштат објектот.
Според неколку вработени во Сити Мол, кои не се овластени да даваат изјави за јавност, им било речено дека имало анонимна дојава за бомба. И од МВР потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека имало дојава за бомба.
Специјализирани полициски екипи, како и екипи на Пожарната се во трговскиот центар, а полицијата не дава пристап ни во негова близина.
А. АНТЕВСКА