ИВАНА ЦВЕТКОВСКА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ВО АЕРОДРОМ, МАРИН ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО САМСОНЕНКО ЗА ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ

    ИВАНА ЦВЕТКОВСКА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ВО АЕРОДРОМ, МАРИН ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО САМСОНЕНКО ЗА ТЕНИСКИ ТЕРЕНИЦветковска е првата жена која ќе го води Советот на Аеродром.-Градоначалникот Златко Марин и претседателот на Советот Ивана Цветановски (Фото:Општина Аеродром)

    На денешната конститутивна седница на која беа верификувани мандадите на советниците, Ивана Цветковска од СДСМ беше избрана за претседател на Советот, која го зазема местото на досегашниот претседател Виктор Камиловски. Цветковска е првата жена која ќе го води Советот на Аеродром.

    Од оваа говорница сакам да порачам дека ќе работам одговорно, чесно и транспарентно, со единствена цел, просперитет на општина Аеродром, кој им го должиме на нашите граѓани“, рече Цветковска.

    Во Советот на Општина Аеродром СДСМ има 15 советници а ВМРО-ДПМНЕ 12.

    Денеска новиот градоначалник Златко Марин го раскина договорот со фирмата на Сергеј Самсоненко „Тенис парк“ за изградба на тениски терени бидејќи не бил во интерес на граѓаните.

    Договорот предвидува Општината и Градот Скопје целосно да го ослободат инвеститорот од плаќање комуналии, а притоа граѓаните да добијат многу мали бенефиции за користење на игралиштата. Според договорот, граѓаните би можеле бесплатно да користат само едно игралиште и тоа во ограничено време, додека комуналиите од кои се ослободува инвеститорот се во висина од еден милион евра. Инвеститорот го добива земјиштето на користење 35 години“, велат од кабинетот на градоначалникот Златко Марин.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира