ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ Е ПРВ ЧЕКОР КОН ФОРМИРАЊЕ НОВА РЕФОРМСКА ВЛАДА, ВЕЛАТ ОД ДУИ

    ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ Е ПРВ ЧЕКОР КОН ФОРМИРАЊЕ НОВА РЕФОРМСКА ВЛАДА, ВЕЛАТ ОД ДУИПортпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека одредени пратеници по принципот - провоцирак, потпали и бегај, ги отежнале синоќешните настани во Собранието. (Фото:СДК.МК)

    ДУИ го поздравува изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието како прв и неопходен чекор за ставање во функција на законодавниот дом, но за формирање нова реформска влада, кажа портпаролот на партијата Бујар Османи по седницата на централното претседателство во Мала Речица. Од ДУИ бараат одговорност од структурите во Министерството за внатрешни работи, кои не ги почитувале наредбите на министерот Агим Нухиу за време на синоќешниот напад на Собранието.

    „Бараме преземање соодветни мерки против официјалните лица во командниот синџир на МВР, кои одбиваа наредби од министерот за внатрешни работи. Ги повикаме сите граѓани, посебно Албанците и електоратот на ДУИ да останат смирени. Го осудуваме и однесувањето на некои од пратениците, кои по принципот – провоцирај, потпали и бегај ги отежнаа настаните“, изјави Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира