ИЗГОРЕ КОТЛАРНИЦАТА ВО ОПШТИНА ТЕТОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗГОРЕ КОТЛАРНИЦАТА ВО ОПШТИНА ТЕТОВО

    Голем пожар изутринава изби во дворот на Oпштина Тетово и целосно ја изгоре котларницата од парното греење за општинската зграда. Целосно се изгорени двата котли од парното греење и инсталациите во објектот. Тетовските пожарникари и овој пат со брза интервенција спречија пожарот да се прошири на околните објекти.
    “Интервениравме со 4 пожарникарски коли и 9 пожарникари и спречивме пожарот да се прошири на соседните магацини, на резервоарите со мазут и на околните куќи кои се наоѓаат веднаш до котларницата. Не ги знаеме причините за пожарот, тоа ќе го утврдат надлежните служби. За нас е важно дека брзо интервениравме го изгаснавме пожарот и спречивме тој да се прошири”, изјави Ука Алити командир на против пожарната единица.

    Во пожарот нема повредени пожарникари ниту од вработаните во Општината. Причинета е голема материјална штета чија висина дополнително ќе се утврдува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира