ИЗГОРЕА 6 ПАЛМИ ВО ОХРИД

    ИЗГОРЕА 6 ПАЛМИ ВО ОХРИДСиноќ беа запалени шест палми и тие целосно изгореа, а „Охридски комуналец” палењето го пријавила во полиција (Фото: СДК.МК)

    Синоќа гореа палмите засадени покрај охридскиот брег. Од „Охридски комуналец” соопштија дека биле запалени шест палми и оти тие целосно изгореле.

    Ова не е прв пат да се запали некоја палма, но тоа беа поединечни случаи.

    „Ние бараме да се откријат лицата кои ги запалија палмите.Случајот го пријавивме во охридската полиција”, велат  од „Охридски комуналец”.

    На охридското крајбрежје засадени беа околу 200 палми, иако екологистите предупредуваа дека охридското поднебје не е погодно за виреење на палмините дрва.

    Зимата многу од нив се исушија поради ниските температури, иако беа заштитувани со посебни покривки. Никој не соопшти колку палми уништија ниските температури.

    Пред еден месец во Струга, каде што исто така беа засадени палми, еден дел од нив беа откорнати, бидејќи беа исушени.

    Јавното претријатие „Македонски шуми“ за набавка на 1.100 палми потроши скоро пола милион евра, палмите, според директорот Караџоски, беа набавени согласно одлуката на Владата, а набавката се реализира преку програмата за рурален развој.

    Во Скопје има палми од 2012, но најголем број од вкупно 138, околу 120 беа засадени во 2015 како дел од проект на „Македонски шуми“. Од сите нив, зимата ја преживеаја 10 палми.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира