ИЗЛЕТНИЧКИТЕ МЕСТА НА ПЕЛИСТЕР ДОБИЈА НОВИ КЛУПИ И МОСТОВИ

    ИЗЛЕТНИЧКИТЕ МЕСТА НА ПЕЛИСТЕР ДОБИЈА НОВИ КЛУПИ И МОСТОВИа. Со нови содржинини за одмор и рекреација опремени се Голема ливада и Мала ливада, Детската патека „Мечо“ е целосно уредена и изграден е нов мост. (Фото: СДК.МК)

    Вработените од Националениот парк „Пелистер“ изминатиот период интензивно работеа на уредување на добро познатите излетнички места. Со нови содржинини за одмор и рекреација опремени се Голема ливада и Мала ливада, Детската патека „Мечо“ е целосно уредена и изграден е нов мост. Во функција е и Адреналинскиот парк за деца и возрасни.

    „Продолжениот викенд искористете го за убав старт на сезоната за движење на планина и престој во природа, создавање на здрави навики и убави спомени од престојот на Пелистер. Не заборавајте дека за заштита на природата одговорни сме сите ние, а единствено место за одлагање на отпад во природа е вашиот ранец“, соопштија од Националниот парк „Пелистер“.

    Пелистер по повеќе децении доби и нови информативни табли со нов и модерен дизајн кој има за цел да ја промовира важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор молика познат како македонски бор. За почеток нови инфо табли се поставени во најпосетената зона на паркот, а подоцна со истиот дизајн ќе следи и поставување на нови табли на планинарските и на велосипедските патеки. Во изработка е и нова интернет страница на Паркот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира