ИЗЛОЖБА ЗА 100 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ОД ПРИЛЕП, ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ НА БАЛКАНОТ

    ИЗЛОЖБА ЗА 100 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ОД ПРИЛЕП, ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ НА БАЛКАНОТИзложбата во Битола е насловена „Земјата и тутунот - студентски кредит“, со што се потенцира можноста тутунот да биде исплатен топтан, во кеш, што во изминатите години овозможило школување на многу генерации од семејствата кои одгледувале. (Фото: СДК.МК)

    На 100-годишнината од Научниот институт за тутун во Прилеп, еден од најстарите научни институции на Балканот, се одржа изложба на најбогатата збирка со каширани фотографии посветени на тутунот, во Офицерскиот дом во Битола на 45 роденден на Универзитетот.

    Фотографиите во 1973 година ги снимил фотографот Бранко Јелиќ за 100-годишнината од изградбата на камениот магацин за тутун во Прилеп, што се смета за почеток на организираното тутунопроизводство во Македонија и 400 години откако тутунот за првпат бил засаден во Прилеп. Ова е најбогата колекција на Балканот со фотографии на кои е прикажано тутунопроизводството.

    Изложбата во Битола е насловена „Земјата и тутунот – студентски кредит“, со што се потенцира можноста тутунот да биде исплатен топтан, во кеш, што во изминатите години овозможило школување на многу генерации од семејствата кои одгледувале тутун.

    „Тутунот е феномен на апсурдот. Тој е растение, а се однесува како да е култура. Гравитационо е јадро на многу општествени и културни манифестации, но никогаш не е во центарот на стилот, не смее ни да биде. Тој е луксуз и пот, отров и лек, предмет на многу науки, но неучените најдобро го знаат. Одраз е на статусот понекогаш, но и пубертетски бунт. Тутунот убива и лечи, го забрануваат и рекламираат во исто време, го кудат, го галат, но ги полни државните каси, а државата го прогласува за непожелен. Земјата секогаш била банка на нашиот народ, а тутунот создал уште нешто скапоцено, студентски кредит, така се од нас многу школувани. Со парите од тутунот школкувањето на децата е поизвесно. Тие се даваат во кеш, топтан, а се трошат за идните генерации да не мора да садат тутун, тука пак имаме апсурд“, рече Александар Цветкоски, кустос-советник на Завод и музеј Прилеп.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира