Битолчанец ја запалил куќата на брат му со запалива течност на улицата „Љубојно“ во Битола. Од пожарот изгоре и куќата на соседот кој со три малолетни деца останаа на улица без покрив над главата. Според оштетените, едниот брат му ја запалил куќата на другиот поради кавги за имот.
Жителите обвинуваат дека Противпожарната единица доцнела, немале доволно вода, а противпожарното возило враќајќи се наназад удрило човек на кого му се скршила раката.
Од Пожарна велат дека веднаш по пријавата интервенирале, но пожарот веќе бил проширен и сметаат дека ги викнале во поодмината фаза. Додаваат дека имале вода и гаснеле иако струјата не била исклучена и постоела опасност по нивните животи.
Од Пожарна обвинуваат дека биле нападнати од жителите на улицата, ги пцуеле и им бил вршен мобинг.
Пожарникарот Јошко Вринтовски вели дека некој од жителите му ја отворил вратата од возилото и кога враќале наназад зашто уличката беше тесна со вратата од возилото повредиле еден од жителите.
Од Пожарната велат имаат недостиг на кадар и возила.
Ж. ЗДРАВКОВСКА