Јана Белчева Андреевска е нов претседател на Советот на Општина Центар.Таа беше избрана со 15 гласа „за“ од СДСМ и „6“ воздржани“, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Белчева Андреевска беше носителка на советничkата листа на СДСМ, како независен кандидат и претставник на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“. Дебармаалци ја поддржаа кандидатурата на сегашниот градоначалник Саша Богдановиќ, откако тој во својата програма ги стави барањата на граѓанската иницијатива.
„Платформата која води кон поквалитетен живот и која дава план како да се сопре урбанистичкото и еколошкото дивеење, а која ја објавивме како наш услов за поддршка на евентуален кандидат за градоначаник на Центар ја прифати само СДСМ“, рекоа тогаш од „Во одбрана на Дебар Маало“.
А. АНТЕВСКА