ЈАПОНИЈА ДОНИРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ ВО КУМАНОВО

    ЈАПОНИЈА ДОНИРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ ВО КУМАНОВОПоследната успешно завршена соработка е реконструкцијата на основното училиште „Вук Караџиќ“. - Амбасадорката на Јапонија во Македонија, Кеико Ханеда (Фото: С. Николиќ)

    Половина милион евра донирала владата на Јапонија за реализација на десет проекти во Куманово. Преку програмата за мали грантови ГГП, Куманово доби неколку возила за изнесување отпад, средства за реконструкција на училишта, патишта и 13 милиони денари за регулација на речното корито на Липковка.

    „Јапонската програма во Македонија почна во 1996 година и досега Јапонија во Куманово има донирано половина милион евра за десет локални проекти. Јапонија, исто така, донираше два милиони долари во регионот за време на бегалската криза, вклучувајќи го и транзитниот центар во Табановце. Последната помош на Куманово беше финасирање на проект на УНДП за превенција од поплави, преку регулација на речното корито на Липковска Река“, изјави амбасадорката на Јапонија во Македонија, Кеико Ханеда, при денешната посета на Куманово.

    Со помош од 67.830 евра, реконструирано е основното училиште „Вук Караџиќ“ во Куманово. На свеченоста, по повод завршувањето на проектот и патронатот на училиштето, присуствуваше и амбасадорката Ханеда.

    „Многу ми е мило што гледам дека училиштето има нови покрив и прозорци, како и подобрени услови за работа на децата и наставниците. Децата се нашата иднина и затоа образованието е толку важно. Јапонскиот народ е среќен што може да ги усреќи децата во ова училиште“, рече Ханеда.

    Амбасадорката ја посети и Општина Куманово и разговараше со градоначаникот Максим Димитриевски, кој се заблагодари за поддршката и помошта на Куманово и најави продлабочување на соработката со јапонската валада.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира