Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска го промовираше бесплатниот градски превоз, што нема да важи за сите туку само за оние кои ги имаат подмирено сите обврски кон државата. Бесплатниот превоз ќе се регулира преку електронска наплата и преку користење припејд картички.
„Јавното претпрјатие за јавен превоз денеска го стави во функција системот за електронска наплата и припејд картички. Оваа услуга им е достапна на сите граѓани без разлика на нивното место на живеење. Оваа Одлука има за цел да ја награди граѓанската одговорност и да го олесни урбаното движење за различни категории граѓани. За граѓаните кои ги имаат подмирено сите обврски кон Општина Тетово, јавниот превоз ќе биде бесплатен, а тоа се однесува и за членовите од нивните семејството кои живеат на иста адреса. Граѓаните потребно е да аплицираат преку системот ‘Те-клик’, а картичката можат да ја подигнат во просториите на ЈП ‘Тетово транспорт’, рече градоначалникот Билал Касами.
Јавниот превоз во Тетово ќе биде бесплатен и учениците од основните и средните училишта, како и членовите на институциите и здруженијата, но само оние кои потпишале Договор за соработка со Општината. Се воведуваат и припеј“ картички за превоз кои може да се надополнуваат, а ќе може да се купи и еднократен билет за превоз.
Општина Тетово очекува да биде дел од проектот на Владата за набавка на нови автобуси, при што градоначалникот Касами се надева дека за Тетово ќе бидат обезбедени 5 електрични автобуси.
З. АНДОНОВ



