ЈУГОИСТОКОТ ТОНЕ ВО ЃУБРЕ, НЕМА АБЕР ЗА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

    ЈУГОИСТОКОТ ТОНЕ ВО ЃУБРЕ, НЕМА АБЕР ЗА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

    Пред истекот на своите мандати, никој од градоначалниците од Југоисточниот регион не ја отвара темата за изградба на регионална депонија, каде ќе се складира, преработува и рециклира отпадот од 10-те општини од овој дел на државата. Измените на  Законот за управување со отпад од октомври, 2012, наложуваат општините да се здружат и да воведат регионален систем за интегрирано управување со комуналниот отпад, бидејќи поединечно немаат услови и капацитет за соодветен третман, преработка и отстранување на отпадот.

    (Фото: СДК.МК)

    (Фото: СДК.МК)

    Според проекциите, секој од осумте плански региони каде членуваат општините требаше да донесат одлука на кој начин ќе го организираат регионалниот систем, дали со формирање на меѓуопштинско  комунално претпријатие, влез на приватен инвеститор за управување со отпадот или пак преку јавно приватно партнерство.

    Десетте општини од Југоистокот во 2012 одлучија да преговараат со австриската компанија „АСА Интернешнел“, како единствена фирма што се јави на објавениот конкурс; - од посетата на депонијата „Шапкар“ во 2012 (Фото: СДК.МК)

    Десетте општини од Југоистокот во 2012 одлучија да преговараат со австриската компанија „АСА Интернешнел“, како единствена фирма што се јави на објавениот конкурс; – од посетата на депонијата „Шапкар“ во 2012 (Фото: СДК.МК)

    Десетте општини од Југоистокот во 2012 одлучија да преговараат со австриската компанија „АСА Интернешнел“, како единствена фирма што се јави на објавениот конкурс.  Преку конкурентен дијалог се пеглаа разликите и се прецизираа условите под кои требаше Австријците да влезат во бизнисот со управување на отпадот. Запнаа околу цените за собирање на отпадот од домаќинствата , по што градоначалниците едногласно  донесоа одлука за прекин на преговорите.

    „Според последната понуда на Австријците, домаќинствата од руралните средини требаше да плаќаат по 300, а од урбаните по 600 денари месечно за собирање, транспорт и за складирање на отпадот. Бараа општините да бидат гарант за домаќинствата кои нема да плаќаат ѓубрарина, а направија и ниска проценка на вредноста на механизација на општинските комунални претпријатија што требаше да ги превземат. Од таа причина ги прекинавме преговорите со ‘АСА’“, изјави тогаш претседателот на Советот на Југоисточниот плански регион  Ванчо Стојанов.

    Од регион кој беше во најнапредна фаза за регионално управување со отпадот, Југоистокот се врати на почеток со имплементацијата на законската регулатива . Во меѓувреме, градоначалниците разгледуваа алтернативни решенија и канеа нови можни инвеститори за изградба на регионална депонија, која требаше да ги затвори сите општински депонии. Формираа и меѓуопштинско тело за таа работа, а постапката ја доверија на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

    „Моравме да стартуваме од самиот почеток. Откако не добивме  средства  од државата за изработка на регионален план за управување со отпадот, моравме сами да обезбедиме пари за таа намена. До крајот на април, планот треба да биде готов, по што ќе бараме решенија за  собирање, транспорт, депонирање и преработка на отпадот. Во планот ќе има сеопфатна анализа за каков отпад станува збор, каков е процентот на опслуженост на жителите по општини, каква е инфраструктурата и капацитетот на комуналните претпријатија во тој поглед. Врз основа на тој план како официјален документ, Советот на градоначаниците ќе  одлучи кој модел ќе биде избран, дали ќе биде приватен инвеститор, ќе се формира регионално комунално претпријатие или ќе се оди на јавно приватно партнерство“, вели Жулиета Ѓуркова од Цетарот за развој на Југоисточниот плански регион.

    ТРЕТИНА ОД ОТПАДОТ ВО ЈУГОИСТОКОТ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕРАБОТУВА

    Според досегашните анализи од регионалниот план, во Југоистокот дури  38 % од отпадот е органски и градинарски,  26 % отпаѓа на пластиката и хартијата а останатото е текстил, стакло, дрво, неметали, градежен шут, инертен и хигиенски отпад . Ваквите параметри говорат дека една третина од отпадот може да се преработува  и рециклира, при што потенцијалниот инвеститор ќе има бенефиции, велат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

    (Фото: СДК.МК)

    (Фото: СДК.МК)

    „Со регионалниот план очекуваме предлози кои технологии се најпогодни за собирање транспорт и преработка на отпадот за овој регион, колку би чинела изградбата на регионалната депонија, кои ќе бидат трошоците за таа намена. Но тешко дека ова година може да очекуваме да се почне постапката, со оглед дека  следат локални избори“, рече Ѓуркова.

    Екологистите предупредуваат дека сегашните општински депонии се пренатрупени и преставуваат сериозна закана за животната средина, но и за човековото здравје бидејки таму се хранат свињи, а има собирачи на старо железо и пластика. Според нив, време е градоначалниците сериозно да се посветат на решавање на овој проблем и да бидат пример за почитување на законската регулатива, а не само декларативно да се залагаат.

    „Шапкар“ кај селото Добрашинци, со можен капацитет од милион и двесте илјади кубни метри отпад и понатаму останува за најсериозна локација за регионална депонија, а во Богданци или Валандово да има претоварна станица за гевгелискиот микрорегион. Австријците планираа, ако ја добијат зделката, да инвестираат 20 милиони евра.

    ГЕВГЕЛИЈА СО ГРАНТ ОД ЈАПОНИЈА ЌЕ ГРАДИ НОВА ДЕПОНИЈА

    Поради двојно зголемените количества на комунален отпад во минатата година, пред сѐ поради транзитот на околу милион мигранти, Гевгелија  доби  грант од Јапонската влада преку УНДП  наменет за изградба на депонија од времен карактер, но и за подобрување на водонсабдувањето. Грантот во висина од 2 милиони и 225 илјади долари е наменет за Гевгелија и Куманово, како општини кои се справувале со мигрантската криза.

    Мини депонијата во Гевгелија  треба да се гради на локација во државна сопственост во близина на Ново Конско, на површина од 20 илјади метри квадратни. Според најавите на општинските власти, депонијата ќе биде според најсовремените светски стандарди. Лани за оваа локација согласност даде и Советот на Општина Гевгелија, а во тек е изработката на Елаборатот за влијанието на ова депонија врз животната средина, која треба да биде изградена до крајот на 2017.

    Според најавите, ова депонија ќе биде функционална сѐ додека не се изгради регионалната кај Добрашинци, по што ќе биде затворена.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира